Израелската војска објави во саботата дека подготвува „комбиниран и координиран напад од воздух, море и копно“ врз палестинската енклава Појасот Газа со којашто управува радикалното исламистичко движење Хамас одговорно за смртоносниот напад од пред една седмица во јужен Израел.
„Единиците и војницте се респоредуваат ширум земјата и се во состојба на зголемена приправност за следните фази од војнаа, со акцент на значително копнено дејствување“, соопштија Израелските одбранбени сили (IDF) во саботата ноќта.
Подготовкисе пре крај, вклучително и мобилизацијата на 300.000 воени резервисти, се додава во соопштението.
Заканата од масивна копнена инвазија во Појасот Газа се надзира уште откако военото крило на Хамас, Бригадите на Ал Касем на 7-ми октомври изведоа ненадеен и досега најмасовен напад со илјадните проектили, продор во воени бази на израелските сили во пограничните области на јужен Израел, започнувајќи бритални егзекиции на околу 1.300 луѓе, главно еврејски цивили.
По предупредувањето на израелската војска пред почетокот на копената инвазија, илјадници Палестинци ги напуштија своите разорени домови на северот на Газа и се упатија кон југот на енклавата.
Израел порача дека ќе ја искорени милинатната групација Хамас во Појасот Газа. Од минатата сабота во израелските напади се убиени најмалку 2.200 Палестинци, од кои најмалку четвртина се деца, а ранети се веќе 10.000 луѓе. Газа истовремено е под израелска блокада со прекин на снабдувањето со струја и вода, како и хуманитарната помош.
Израел на сето население во северната половина на Појасот Газа, кој ја вклучува најголемата населба во енклавата градот Газа, му даде рок до саботата до 15 часот по средноевропско време да се засолни во јужната половина.
Хамс, пак, го повика населението да остане. Израел тврди дека Хамас ги спречува луѓето да заминат за да го користи како „жив штит“, што движењето го отфрли како лага.
Политичкиот водач на оваа исламистичка групација во саботата вечерта порача дека Палестинците нема да ја ги напуштат ниту градот Газа ниту Појасот Газа и да се префрлат во соседен Египет.
„Решивме да останеме на својата земја“, изјави Исмаил Ханија во телевизиско обраќање обвинувајќи го Израел за воени злосторства и обид за етничко чистење на енклавата.