Израел сака да го спречи „уривањето“ на Палестинската управа, но во замена бара од неа низа ветувања, како што е престанување на „дејствувањето против Државата Израел на меѓународната сцена“, објави во неделата вечерта кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Кога во јануари годинава власта ја презема владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, една од најдесните во историјата на земјата, Израел објави дека воведува санкции против Палестинската управа за таа да „плати“ поради тоа што во Обединетите нации го постави прашањето на израелската окупација на полестинските територии по ткн Шестдневна војна од 1967 година, за што се сметаат енклавата Западен брег (на реката Јордан) и источен Ерусалим.
Безбедносниот израелски кабинет го прифати предлогот на премиерот според кој треба да се работи за да се „спречи уривањето на Палестинската управа“, без откажување од израелското барање да престане „да дејствува против Израел на меѓународната сцена“, се истакнува во соопштението од неделата од кабинетот на премиерот Нетанјаху.
Се поставуваат и други услови, како запирање на „потикнувањето на омраза во медиумите и во образовниот систем, престанување на субвенционирање на семејствата на терoристите и прекин на градењето“ во зоната Ц (која е под израелска контрола) на Западниот брег.
Меѓутоа, кабинетот на Нетанјаху не открива поединости во врска со активностите кои Израел има намера да ги преземе за да го спречи уривањето на Палестинската управа која има ограничени овластувања на околу 40 отсто од територијата на Западниот брег.
Израелските медиуми, пак, пишуваат за воспоставување индустриски зони за Палестинците во зоната Ц, како и за други економски мерки со кои би им се олеснил животот на жителите на енклавата,
Одлуката на безбедносниот кабинет на израелската влада доаѓа неколку дена по завршувањето израелската „антитерористичка“ оперција – против припадници на милитантните исламистички движење кошто ја имаат власта во другата палестинска енклава Појасот Газа – во Џенин на северот на Западниот брег, во која загинаа 12 Палестинци и еден израелски војник.
Израел во јануари ги задржа парите кои ги прима Палестинската управа во износ кој таа во претходната 2022 година им ги исплатила на „терористите и на нивните семејства“. Покрај тоа, Израел одлучи да ги замрзне палестинските градежни проекти во некои делови од Западниот брег.
Палестинскиот премиер Мохамед Штајех тогаш по тие санкции ги осуди обидите на Израел да ја турне Палестинската самоуправа „на работ од финасиската пропаст“.