Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA) мора „да ги прекине своите активности во Ерусалим и да ги евакуира сите простории со коишто делува во овој во тој град“ до 30 јануари, порачал претставникот на Израел во ОН во дописот од петокот до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
На 30-ти јануари стапува на сила законот со кој се забранува UNRWA да работи на израелска територија и да контактира со израелските власти.
Израел го анектираше источен Ерусалим, по окупацијата во 1967 година, што не го признава најголемиот дел од меѓународната заедница.
Израел долго време ја критикуваше UNRWA, основана по првата израелско-арапска војна во 1948 година, која избувна во времето на создавањето на државата Израел, обвинувајќи ја за анти-израелска пристрасност.
Исто така, Израел од почетокот на војната во Газа ланскиот октомри обвинува дека палестинското милитантно движење Хамас во Газа длабоко се инфилтрирало во организацијата, обвинувајќи некои нејзини припадници за наводно учество во нападот врз Израел на 7-ми октомври.