Израел повикува резервисти за нови операции во Газа

Израелската армија во неделата соопшти дека наскоро ќе повика две резервни дивизии за операции во Појасот Газа, каде што вели дека води војна против исламистичката милитантна група Хамас.

„Според проценката на ситуацијата, израелските одбранбени сили повикуваат приближно две резервни бригади за оперативни активности на фронтот во Газа“, соопшти армијата без да даде детали.

На почетокот на овој месец, Израел повлече некои сили од Газа, велејќи дека ќе се подготви за понатамошни операции во палестинската енклава, вклучувајќи ја и јужната област кај градот Рафах, каде што се засолнија повеќе од 1,5 милиони луѓе или повеќе од половината од вкупното населени на разорениот во војната Појас Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ги евакуира цивилите од Рафах пред каков и да упад на израелскаа војска со цел да ги уништи силите на Хамас таму, но тоа не ја намали меѓународната загриженост поради планираниот напад.