Израел повторно ќе гради доселенички населби на Голанската висорамнина

Израел планира значително да ги прошири своите населби на Голанската висорамнина, којашто ја зазема ткн Шестдневна војна од 1967 година, а дотогаш беше во составот на Сирија. Во 1981 година Израел ја анектираше Голанската висорамнина и покрај противењата на Сирија и Обединетите нации кои не ја признаваат оваа анексија.

„По многуте статични години кога станува збор за размерите на животот на заедницата, нашата цел е денес да ја удвоиме популацијата на Голанската висорамнина“, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет во неделата на специјалната седница на владата во кибуцот Мево Шама во близина на Галилејското езеро.

Бенет додаде дека новите населби ќе бидат изградени во градот Катцрин, а ќе бидат изградени и две сосема нови населби Асиф и Матар.

Владата во изградбата на населбите ќе вложи милијарда шекели, или околу 317 милиони американски долари. Бенет изјави дека планот е Голанската висорамнина да стане технолошки центар за обновливи извори на енергија во Израел.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во март 2019 година го призна израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина. Тогашните челници на Европската унија изјавија дека Брисел не ја признава оваа област за теритоја на Израел, како и всушност палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) освона во споменатата изралеско-арапска војна, каде што израелските влади со децени подигаат доселенички населби што редовно е проследено со протести на меѓународната заедница.

„По десетте години од почетокот на грозната граѓанска војна во Сирија, секоја упатена личност на светот сфаќа дека е подобро да се има миран и зелена израелска висорамнина којашто напредува, отколку алтернативата. Голанската висорамнина е израелска. Тоа самото посебе е разбирливо“, порача премиерот Бенет.

Повеќе од 50.000 луѓе живеат во моментов на Голанската висорамнина која изминатите години беше неколкупати гранатирана од џихадистичките групации против кои се бореше владата на сирисккиот претседател Башар ал-Асад. Малку повеќе од поливината се Евреи, а другата поливијана сочинуваат Друзите – автохтона етноконфесионална заедница, и алавитите односни припадници на огранок на шиитскиот ислам.