Израел продолжува да го бомбардира Појасот Газа, низ кој се шират болести

Израел продолжи да го гаѓа Појасот Газа во четвртокот и покрај засилените меѓународни повици за заштита на цивилите и предупредувањата за ширењето на смртоносните болести меѓу раселените жители.

Израел посочува дека цел на нападот на Газа се милитантите на Хамас, движењето чиишто припадници и срдони групации на 7-ми октомври ја нападна нејзината територија и уби 1.200 илјади луѓе, 900 од нив цивили, а киднапираше 240 заложници.

Израел одговори со уништување на голем дел од енклавата. Според Министерството за здравство во Газа, во овие напади загинале најмалку 18.600 луѓе, од кои три четвртини се деца, малолетници и жени, а 50.000 се ранети.

Поголемиот дел од вкупното население од 2,3 милиони ги напушти своите домови и многумина се изложени на болести и продолжителни израелски напади. Во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис, одделенијата се преполни со ранети, а болните бебиња се сместени на истите кревети поради недостиг од простор.

„Многу пациенти доаѓаат екстремно дехидрирани, а кај некои тоа може да доведе до откажување на бубрезите или слабеење на работата на бубрезите“, изјави за Reuters Ахмед ал-Фара, шеф на педијатрискиот оддел.

Веќе има 30 случаи на хепатитис А, чиј период на инкубација трае еден месец.

„Затоа, за еден месец ќе има експлозија на бројот на заболените од оваа болест, а тоа е многу опасен показател на кој треба да се внимава, од пренатрупаност до консумирање храна која не е наменета за луѓе и користење на импровизираните тоалети“, предупредува ал-Фара.

На Појасот Газа сега му се заканува здравствена криза и ширење на болести поради колапсот на системот, предупреди хуманитарната канцеларија на Обединетите нации.

„Имаме формула од примерите за епидемија и катастрофа во јавното здравје“, рече Лин Хестингс, координатор на ОН за палестинските територии.

Во Рафах, на југот на енклавата, 24 лица загинаа во израелски воздушен напад кој погоди две куќи, објавија во четвртокот медиумите на Хамас. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кој ќе го посети Израел во четврток и петок, ќе разговара со Израелците за потребата од поголема прецизност во воздушните напади, изјави портпаролот Џон Кирби за новинарите.

Речиси половина од муницијата воздух-земја што Израел ја користеше во Газа од 7-ми октомври се ненаведувани, таканаречени „глупи бомби“, според проценката на американското разузнавање, извести CNN.