Двe израелски ракети погодиле област во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск, информираат сириските државни медиуми, без да прецизираат што била цел на нападот.
Сириската агенција САНА соопшти дека нападот се случил по полноќ.
Агенцијата нападот го поврзува со офанзивата на сириските владини сили против бунтовничките групи во југозападната област на Сирија, на границата со Јордан и Голанската Висорамнина.
САНА вели дека нападот “е дел од израелската поддршка за бунтовниците поради нивните големи загуби” на југот и на други места во Сирија, објави АП.
За нападот извести и Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, од каде наведуваат дека израелски авиони летале над Голанската Висорамнина и гаѓале цели за кои се претпоставува дека се магацини со оружје на бунтовничките сили поддржани од Иран.
Обсерваторијата додаде дека сирискиот систем за воздушна одбрана не успеа да ги пресретне ракетите, објави Ројтерс.
Се наведува дека нема информации за штетата предизвикана или за повредените лица.