Израел регрутирал 300.000 резервисти и тргнува во офанзива

Израелската армија регрутирала рекордни 300.000 припадници на резервен состав како одговор на повеќекратниот напад од Појасот Газа и „тргнува во офанзива“, порача во главниот воен портпарол.

По ненадејниот и без преседан напад на палестинското радикално исламистичко движење Хамас кој резултираше со големо срамотење на изралеската војска и невиден број жртви на изралеската страна во долгата историја на палестинско-еврејски конфликт, борбените авиони на Израел и артилеријата гаѓаат стотици цели во Појасот Газа, додека копнените израелски трупи се борат за повторно преземање на контролата над пограничните села и градови коишто ги заземаа вооружените милитанти на Хамас.

Главниот израелски воен портпарол, контраадмиралот Даниел Хагари изјави дека контролата над бројните кибуци (еврејски заедници) во пограничниот регион со Појасот Газа е повторно воспоставена, но дека продолжуваат изолирани судири, бидејќи некои вооружени напаѓачи и натаму се активни. Не соопшти каква е ситуацијата со пограничните воени бази во кои успеаја да продрат борците на Хамас и од каде се заплените и војници и тешки борбени возила.

„Во моментов спроведуваме пребарувања во сите заедници и ја чистиме областа“, рече Хагари на брифингот кој беше пренесува директно на израелската јавна телевизија.

Израелските воени функционери претходно изјавија дека нивниот фокус е на осигурувањето на израелската страна од границата со палестинската енклава пред изведување на каква и да е поголема ескалација на противофанзивата во Појасот Газа.

Контраадмиралот Хагари рече и дека од саботата војската повикала 300.000 резервисти, што укажува на подготовки за можна копнена инвазија во палестинската енклава, иако таквите планови официјално не се потврдени.

„Никогаш не сме регрутирале толку резервисти во толкав сооднос. Одиме во офанзива“, рече Хагари.

Хагари ги потврди медиумските извештаи од неделата ноќта дека повеќе од 700 луѓе се убиени на израелската страна, вклучително и 73 потврдени припадници на безбедносните сили. Притоа рече дека израелската војска убила „стотици“ палестински вооружени напаѓачи.

Министерството за здравство во Појасот Газа објави во понеделникот објави дека најмалку 493 Палестинци, меѓу кои стотина се деца и жени се убиени, а дека 2.751 човек е ранет во израелските напад врз енклавата од саботата.

Поради последните судири повеќе од 123.000 луѓе ги напуштиле своите домови, објави Канцеларијата за координација на хуманитарните прашање при ОН (OCHA).

„Непријателствата предизвикаа внатрешни раселувања“, изајвија од OCHA, наведувајќи дека станува збор за повеќе од 17.500 семејства со вкупно 123.538 членови, во прв ред поради стравот и загриженоста за својата безбедност и поради уништувањето на нивните домови.