Израелската армија денеска соопшти дека убила седум вооружени терористи, за кои смета дека се припадници на Исламска држава. Тие се елиминирани кога преминале на Голанската висорамнина на израелска територија.
Израелски воен авион синоќа ги сними како се обидуваат да ја преминат оградата на израелската страна на Голанска Висорамнина, а во понатамошната истрага се откриени неколку пушки и експлозив, изјави портпаролот на израелската армија, поручник Џонатан Конрикус.
Претходно беше објавено дека инцидентот се случил во јужниот дел на Голанска Висорамнина, кој е под контрола на Сирија, а руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија ќе испрати воена полиција и ќе постави осум набљудувачки пункта, со цел да се избегнат какви било провокации.