
Израелските власти урнаа во неделата палестинско училиште на Западниот брег (на реката Јордан), кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија окупирана од страна на Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.
Огранокот на израелската војска COGAT во соопштение објави дека зградата, којашто се наоѓа на околу два километра од Витлеем, била изградена незаконски. Тврди дека зградата претставува „опасност за сите кои учат таму или ја посетуваат“, како и дека поради тоа израелскиот суд „наложи да биде урната“.
Делегацијата на Европската унија при Палестинската самоуправа, којашто чие седиште е во Рамала на Западниот брег, на својот официјален Twitter објави дека е „ужасната“ од уривањето на училиштето, за кое наведува дека ќе погоди 60 палестински деца.
„Уривањето беше незаконско според меѓународното право и ќе го зголеми патењето на палестинското население и дополнително ќе го ескалира тамошниот суд“, предупредува мисијата на ЕУ.
Од COGAT, пак, велат во продолжение дека сопственикот на зградата одбил неколку обиди за дијалог со израелските власти за статусот на градбата пред самото извршување на уривањето.
Учениците и сведоци изјавиле за Reuters дека зградата е претворена во урнатини без никакви траги од училиштето кое таму некогаш таму стоело. Рекле, исто така, дека сите предмети од зградата се запленети.