Израел во време на пандемија со највисока стапка на економски раст во последните 21 година и во светски рамки

Минатата година израелската економија имаше најбрз раст во последните 21 година, објави Централното биро за статистика на оваа земја.

Посочено е дека потрошувачката, извозот и инвестициите во 2021 година пораснале двоцифрено, што претставува закрепнување за време на пандемијата на коронавирус.

Економскиот раст беше 8,1 отсто, што е значително над претходната проценка на Централната банка на Израел дека растот ќе биде 6,5 отсто. Заводот за статистика заклучи дека Израел е меѓу оние земји кои имале најголем економски раст во светот. Просечната стапка на раст во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изнесуваше 5,3 отсто.

Централната банка на Израел проценува дека овогодинешниот економски раст ќе биде 5,5 отсто. Најверојатно каматната стапка ќе биде повисока и во оваа земја, како одговор на инфлацијата. За тоа се одлучија САД и европските земји.

Израел, како и многу други земји, е тешко погоден од пандемијата на коронавирус. Сепак, тој успеа да ја оживее својата економија преку ефективен процес на вакцинација, пренесува Ројтерс.