Иранските сили на сириската страна на Голанската Висорамнина вчера истрелале околу 20 проектили против израелски цели на таа стратегиски важна висорамнина, по што израелската армија возвратила со ракетирање на Дамаск.
Портпарол на израелските воени сили, полковник Џонатан Корникус потврди дека Израе се одмаздил за нападот. Според него, Израел пресретнал неколку проектили, но нема извештаи за жртви. Штетата на израелските позиции е мала.
Се одмаздивме, но немам никакви детали за тоа, рече тој.
Ова е првпат иранските сили да пукаат проектили директно врз израелските сили во Голанската висорамнина. Неколку часа подоцна, израелски ракети погодиле неколку цели во Сирија на противвоздушна одбрана, радарски систем и магацин за муниција, објави во четвртокот сириската државна телевизија.
Сириска новинска агенција САНА објави дека сириската противвоздушна одбрана соборила десетици израелски ракети јужно од градот Хомс.
Нападите претходеа на завчерашното ракетирање на ирански сили во Сирија, кои го подржуваат сирискиот претседател Башар Ал Садат, од страна на израелските сили, поради наводни„ непријателски активности“ кон Израел.