Израелските одбранбени сили можеби започнале, или ќе започнат, мали копнени операции преку границата со Либан за да ги отстранат блиските позиции на Хезболах, изјавија двајца американски претставници за „ABC News“
Официјалните лица изјавиле за американскиот медиум дека Израел се чини дека не одлучил дали да започне целосна копнена операција во Либан, но дека најверојатно ќе биде ограничен во опсегот ако го направи тоа.
Официјалните лица велат дека за да може Израел да ја исполни својата цел да им овозможи на околу 60.000 раселени Израелци да се вратат дома, обезглавувањето на раководството на Хезболах нема да биде доволно.
Тие кажале дека пред израелската ликвидација на Хасан Насрала, американските власти добиле известување за тоа што ќе се случи само неколку минути пред воздушниот напад на ИДФ во Либан.
Извори на „ABC News“ изјавија дека Насралах инсистирал до самиот крај прекинот на огнот меѓу исламистичката организација што тој ја предводел и Израел да биде поврзан со прекинот на огнот меѓу ИДФ и палестинските екстремисти во Појасот Газа.
Британската телевизија Скај њуз наведува дека израелски тенкови се фотографирани веднаш до границата со Либан.
Претседателот Џо Бајден беше запрашан во саботата дали копнениот влез на Израел во Либан е неизбежен, а тој одговори: „Време е за прекин на огнот.“ На прашањето дали Вашингтон ќе одговори на ракетните напади врз американските воени бродови во Црвениот Море, тој рече: „Ние одговараме“.
Во меѓувреме, продолжуваат опсежните бомбардирања врз цели на Хезболах, како дел од операцијата „Северни стрели“. Борбени авиони на израелското воздухопловство, под раководство на Северната команда, во текот на ноќта нападнале терористички цели на територијата на Либан, соопшти во неделата наутро портпаролот на ИДФ. Нападнатите цели вклучувале ракетни фрлачи насочени кон Израел, згради во кои се складирало оружје и воени структури кои припаѓаат на терористичката организација. Портпаролот на ИДФ, исто така, истакна дека во текот на изминатиот ден армијата нападнала стотици цели на терористите на Хезболах низ Либан.