Израел во четвртокот со тенкови ја гранатираше областа околу две болници во Кан Јунис, во јужниот дел на палестинската енклава Појасот Газа, принудувајќи ги раселените луѓе да бараат нови засолништа, во, како што навведува израелската војска, офанзива против милитантите на исламистичкото движење Хамас.
Градот сега е опколен од израелските одбранбени сили (IDF) и под постојан воздушен и копнен оган, изјавиле за Reuters жители на Кан Јунис.
Според здравствената служба во Газа под контрола на Хамас, во Кан Јунис во последните 24 часа загинале 50 лица, меѓу кои две деца.
Палестинските болничари тврдат дека израелската војска ги отселкла и гаѓала цели околу двете болници, кои сѐ уште функционираат „Насер“ и „Ал-Амал“, загрозувајќи ги лекарите, пациентите и раселените лица кои побарале засолниште таму, додека Израел тврди дека Хамас ги користи болничките простории како покритие за неговите бази.
Исламистите и медицинскиот персонал, како и некои претствници на меѓународните хуманитарни организации,постојано тоа го негираат и тврдат дека спасувачките екипи не можат да стигнат до ранетите и загинатите поради опсадата.
Повеќето од 2,4 милиони жители на Газа сега се сместени во Кан Јунис и градовите северно и јужно од него, откако побегнаа од северот на енклавата поради копнената офанзива на израелската армија започната на 27-ми октомври.
Во средата Обединеите нации објавија дека израелски тенкови ја погодиле зградата на тренинг центарот на светската организација во која биле сместени стотици раселени лица, при што загинале најмалку девет, а биле ранети 75 луѓе. Израел негира дека неговите сили се одговорни за нападот и тврди дека гранатирањето наводно го извршил Хамас.
Израел, исто така, тврди дека Хамас има „командни и контролни центри, пунктови и безбедносен штаб“ во близината, во „густо населена“ област со цивили и во „објектите на неколку болници каде што се активни милитантите“.