Израелската амбасадорка во Турција ја напуштила земјата

Израелската амбасадорка во Анкара, Ирит Лилијан, ја напуштила Турција заедно со другите израелски дипломати, објави во четвртокот турската телевизија NTV.

Израелската амбасада одбила да ја коментира информацијата за другите медиуми.

Претходно седмицава израелскиот Совет за национална безбедност издаде предупредување за патувања во Турција, наведувајќи го стравувањето дека Израелците ќе бидат цел на оние кои се гневни на израелскиот одговор на нападот на палестински Хамас од Појасот Газа.

Истовремено израелските државјани беа повикани да ја напуштат Турција што побрзо. По предупредувањето, израелските воздухопловни превозници организираа летови од Истанбул доцна во средата за Израелците кои сакаат да ја напуштат Турција.

Демонстрантите во Турција организира бројни антиизраелски протести, а Анкара прогласи тридневна жалост по експлозијата во болницата во Газа во која загинаа стотици Палестинци.

Израелската војска во средата објави аудио-снимка за којашто тврди дека наводно докажува дека Израел не е виновен за екпслозијата во болницата, а нејзините сојузнички американски разузнавачки служби тврдат дека тоа го докажувале и наводни сателитски снимки. Израел за трагедијата ја обвинува палестинската милитнатна групација Исламски џихад, којашто одлучно ги отфрли тие тврдења.