Ципи Хотовели, амбасадорката на Израел во Велика Британија за Скај њуз изјави дека решение на конфликтот со Палестинците преку создавање на посебна палестинска држава целосно не доаѓа предвид. Сепак, по ова прашањењ различно размислува британскиот премиер Сунак.
„Апсолутно не“, рече Хотовели на прашањето за можноста за палестинска држава по завршувањето на војната.
Решението за две држави ја одразува идејата дека посебна палестинска држава ќе стави крај на конфликтот и ќе доведе до мирно постоење. Договорот од Осло предвидуваше создавање, преку формирање на палестинската управа и продолжување на преговорите меѓу Израел и Палестинците, на услови од кои би било можно да се придвижи кон решение со две држави.
САД и Западот, исто така, го поддржуваат создавањето на палестинска држава на окупираниот Западен Брег и Појасот Газа, каде што војната трае од октомври по ненадејниот напад на исламистичкото движење Хамас.
Пред неколку дена на оваа тема се огласи и американскиот претседател Џо Бајден.
„Не можете да кажете дека во иднина воопшто нема да има палестинска држава“, рече претседателот Бајден.
Запрашан за коментар, британскиот премиер Риши Сунак рече дека не се согласува со коментарите на Хотовели.
„Ние не се согласуваме. Нашиот долгогодишен став е дека решението со две држави е вистинското. Она што се случува е крајно вознемирувачко. Силно велам, премногу невини луѓе ги загубија животите, вели Сунак.