![Hezbolah](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/Hezbolah.jpg?resize=640%2C437&ssl=1)
Израелската армија денеска соопшти дека цели на патиштата на сириско-либанската граница што ги користи проиранското движење Хезболах за шверц на оружје.
Во текот на ноќта, Военото воздухопловство изврши напади врз патишта за шверц на оружје и локации на инфраструктура на терористи, се вели во соопштението на армијата.
Војската ги изведе нападите една недела по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.