Израелската армија ги продолжува борбите на југот на земјата околу Газа

Израелската војска ги продолжи борбите со инфилтрирани борци во јужен Израел околу Газа во понеделникот наутро, откако во текот на ноќта погоди „повеќе од 500 цели“ на Хамас и Исламски џихад, се вели вo соопштението на војската, при што некои офицери го нарекоа нападот на Хамас „израелски „11-ти септември“.

„Ние сè уште се бориме, има седум или осум места на отворено околу Појасот Газа каде што сè уште имаме војници кои се борат против терористите“, изјави за новинарите потполковникот Ришард Хехт. „Мислевме дека ќе имаме целосна контрола врз ситуацијата вчера. Се надевам дека така ќе биде на крајот на денот“, додаде.

Во текот на ноќта „воени авиони, хеликоптери, авиони и артилерија погодија повеќе од 500 цели на терористите на Хамас и Исламски џихад“, се вели во соопштението на израелската армија.

Воздушните напади врз Газа продолжија во текот на утрото во понеделникот. Новинар на АФП зборува за густи облаци чад над Газа. Појасот Газа е мала тесна но густо населена територија на која живеат повеќе од 2,3 милиони Палестинци.

Израелската армија се обидува да ја врати контролата, во текот на третиот ден од судирите во кои загинаа вкупно повеќе од 1.100 луѓе – повеќе од 700 Израелци, според новиот извештај објавен во понеделникот, и 430 Палестинци според властите во Газа.

Двајца високи офицери на израелската армија ги споредија саботните напади од Појасот Газа со теристичките напади од 11-ти септември 2002 година во САД.

„Ова е нашиот 11-ти септември. Нѐ начекаа“, рече веониот портпарол Нир Динар.

Потполковникот Јонатан Конрикус, исто така, го спореди нападот на Хамас со големи напади во Америка.

„Ова би можело да биде 11-ти септември и Перл Харбор во едно. Ова е убедливо најлошиот ден во израелската историја“ во однос на жртвите, додаде Конкрикус.