Израелската армија известува за тешки борби во Кан Јунис и градот Газа

Продолжуваат жестоките борби во големите градови во плаестинската енклава Појасот Газа, објави во саботата израелската армија, известувајќи дека „неколку терористи биле убиени во воздушни напади и копнени судири во текот на претходниот ден“.

Војската објави дека се водат интензивни борби во Кан Јунис, најголемиот град на југот на малата крајбрежна енкалва, а изаелските војници наводно „убиле голем број терористи со прецизен снајперски оган“ во петокот.

Палестинските медиуми јавуваат дека во петокот ноќта во израелски воздушен напад врз градот Деир ел Балах во Газа загинале најмалку 24 лица. Палестинската новинска агенција Wafa, повикувајќи се на локални извори, јави дека многумина се раенти и дека спасувачките екипи трагаат по луѓето затрупани под урнатините.

Според здравствените власти, кои се под контрола на Хамас, речиси 30.000 луѓе биле убиени во Појасот Газа, а уште 70.000 биле ранети во текот на израелската воена операција.

Меѓународната заедница жестоко го критикуваше Израел за обемот на уништувањето и бројот на цивилни жртви.