![benjamin netanjahu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/benjamin-netanjahu.jpg?resize=696%2C487&ssl=1)
Најдолговечниот на позицијата израелски премиер, Бенјамин Нетанјхау е на пат да оствари многу јасно парламентарно мнозинство засилено со ултранационалистите кои сакат поостри пресметки со Палестинците, покажуваат резултатите од пребројувањето на гласовите кое се приведува кон крајот.
На заминувањето центристичкиот актуелен премиер Јаир Лапид и неговата коалиција на конзервативците, либералите и арапските пратеници, кои беа на власт повеќе од 18 месеци, направија дипломатски чекори на приближување со Турција и Либан и ги одржуваа економските активности. Меѓутоа, судирот со Палестинците кои се интензивираше и ги поттикна еврејско-арапските тензии во Израел одеа во прилог на десничарската партија Ликуд на Нетанјаху и блиските партии.
Така, по 93 отсто од преброените гласови во четвртокот, Ликуд е единствената партија која на изборите од 1-ви ноември освоила повеќе од милион гласови, и во моментов 32 пратенички мандати, блокот на екстремно десничарски верски партии на Итамар Бен-Гвир и Безалел Смортич, Религиозен ционизам, моментно освојува 14 места во Кнесетот, а религиозната ШАС и Обединета Тора јудаизам 11 односно 8 пратенички мандати. Оваа рамнотежа на силите меѓу неговите десничарски партнери може да му обезбеди на Нетанјаху стабилна коалиција, доколку овој тренд продолжи додека се пребројуваат гласачките ливчиња и вкупно 65 од 120 пратенички мандати. Конечните резултати би требало да бидат познати до крајот на денот.
Од друга страна, партијата на актуелниот премиер Јаир Лапид „Јеш Атид“ сè уште ја зазема втората позиција со 24 мандати. Дополнително, во таборот на противниците на Нетанјаху, блокот „Државен камп“ на актуелниот министер за одбрана Бени Ганц во моментов има 12 пратенички мандати, арапската партија Раам може да смета на 5 мандати, „Нашиот дом е Израел“ на Авигдор Либерман, работничката партија „Авода“ и уште еден арапски блок ХАДАШ-ТААЛ добиваат по 4 пратенички места.
Левичарскиот „Мерец“ и арапскиот „Балад“ сѐ уште не го надминуваат изборниот праг од 3,25 отсто од гласовите. Доколку партиите успеаја да ја надминат оваа пресвртница, тие ќе добиеја по 4 пратенички места, што значително би го променил односот на силите, забележува The Times of Israel. И двете политички сили долго време беа блиску до минување на бариерата, но како што привршува пребројувањето на гласовите, нивните шанси да влезат во парламентот сè повеќе се намалуваат, што ја зајакнува позицијата на блокот на десничарски и верски партии предводени од Нетанјаху, пишува весникот.
„Дојде времето тука да биде воведен ред. Дојде времето на постои газда“, објави на Twitter Итмар Бен-Гвир од крајно десната Религиски ционизам, многу веројатно клучен партнер на Ликуд во идната влада.
Бен-Гвир реагираше на најновото насилство, откако полицијата објави дека Палестинец избодел полицаец во Стариот град во Ерусалим, а потоа бил убиен. Претходно израелските војници убија Палестинец во судирите на Западниот брег (на реката Јордан) кој меѓународната заедница ги смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.
Бен-Гвир, поранешен член на Кача, еврејска милитантна групација на израелските и американските листи на терористички организации, сака да стане министер за полиција. Имајќи предвид дека Нетанјаху сѐ уште официјални не е потврден за премиер, не е јасно која Бен-Гвир би можел да ја има во идната израелска влада.
Иако Натанјаху порача дека ќе им служи на сите граѓани, неговата доминација на изборите предизвика загриженост меѓу арапското малцинство кои сочинуваа 21 отсто од израелската популација и Евреите од левиот центар, а особено меѓу Палестинците чиишто преговори со Израел под покровителството на САД пропаднаа во 2014 година.
Иако Вашингтон и натаму е воздржан од коментари до формирањето на новата израелската коалиција, портпаролот на Стејт департментот во средата ги истакна „заедничките вредности“ на двете земји.
„Се надеваме дека сите функционери на израелската влада ќе продолжат да ги споделуваат истите вредности на отворено, демократско општество, што вклучува толеранција и почитување за сите во цивилното општество, особено за малцинските групи“, изјави портпаролот на американската дипломатија.