Израелските безбедносни сили, со хеликоптерска поддршка, во вторникот го нападнаа градот Џенин на окупираната палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), при што загинаа најмалку четворица Палестинци.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече акцијата „голема и значајна воена операција“.
Операцијата беше започната ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ги укинува санкциите за насилните израелски доселеници кои со години ги напаѓаат палестинските села, а Нетанјаху ја најави како нова офанзива против милитантните групи наводно поддржани од Иран.
„Ние дејствуваме систематски и решително против иранската оска каде и да ги подаде рацете – во Газа, Либан, Сирија, Јемен, Јудеја и Самарија“, рече Нетанјаху.
Јудеја и Самарија се термините што ги користи Израел за окупираниот Западен брег.
Војската соопшти дека војниците, полицијата и разузнавачките служби започнале „антитерористичка операција“ во Џенин.
Палестинските здравствени служби известија дека во нападот загинале најмалку четворица Палестинци, а 35 се ранети.
Нападот на Џенин се случи само два дена по почетокот на договорот за прекин на огнот во Газа и укажува на заканата од ново насилство на Западниот брег.
Во областа на Западниот брег и Источен Ерусалим, кои меѓународната заедница ги сметаат за палестински темпертури окупирани од Израел во војната во 1967 година, меѓу 2,7 милиони Палестинци живеат околу 700.000 израелски доселеници. И новата влада на Нетанјаху им пркоси
Повеќето земји сметаат дека израелските населби кои настанале на територијата окупирана во војната се нелегални. Израел го оспорува ова, наведувајќи наводни историски и библиски врски со областа.
Насилството на Западниот брег, коешто беше веќе во пораст поради засиленото пристигнување на еврејските доселеници и подигнување на доселеничките населби и пред војната во другата палестинска енклава Појасот Газа, дополнително се засили од октомври 2023 година. Меѓународната заедница, осудувајќи го насилството на двете страни, на Израел му забележува дека ги толерира насилствата од доселениците врз локалното население и за постојаните воени претреси и апсења на Палестинците на Западниот брег.