Израелската војска тврди дека пронашла оружје во болницата „Ал Шифа“

Израелските војници пронајдоа оружје и „терористичка инфраструктура“ во рацијата на локација во болницата „Ал Шиф“ во градот Газа, изјави во средата висок воен претставник.

Функционерот рекол за новинарите дека нема борби во болничкиот комплекс, откако израелските војниците во текот на ноќта продреле во болничкиот комплекс и дека немало тензии со медицинскиот персонал или пациентите кои се наоѓаат во друг дел од болницата.

„Војниците на IDF веќе пронајдоа оружје и друга терористичка инфраструктура. Во последниот час видовме конкретни докази дека терористите на Хамас ја користеле болницата Шифa како штаб на теророт“, реол функционерот кој сакал да остане анонимен.

Не прецизирал кој дел од болницата го пребарале израелските војници и што точно пронашле, но додал дека доказите ќе бидат презентирани подоцна.

„Ова е многу прецизна и насочена операција. Нашите сили се во еден специфичен дел од многу големиот болнички комплекс Шифа“, додал. Тој не кажал колку долго ќе трае израелската операција во болницата.

Официјален претставник на армијата рече дека четворица милитанти биле убиени во борбите пред болницата додека војниците се обиделе да влезат во комплексот. Додаде дека војниците ги испрашувале луѓето што ги нашле во областа што ја пребарувале. „Сфатив дека еден од нив е Хамас“, рече тој.