Израелските доселеници убија двајца Палестинци во понеделникот во областа на Наблус на окупираниот Западен брег (на реката Јордан), изјави градоначалникот на Акраба, Салах Бани Џабер.
„Околу 50 доселеници, од кои повеќето беа вооружени, ги нападнаа жителите на селото Кирбет ал-Тавил источно од Акраба во поркаината Наблус. Тие отворија оган, ранувајќи и убивајќи двајца млади луѓе“, рече градоначалникот.
„На местото на настанот имаше израелски војници кои стоеја со скрстени раце гледајќи ги доселениците“, додаде Џабер.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека војниците ги блокирале нејзините амбулантни возила да стигнат до местото и да ги грижат повредените. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.
Претходно во понеделникот, израелските сили извршија рација на Наблус, при што го уби 17-годишниот Јазан Иштаје и рани уште три лица, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Портпаролот на израелската гранична полиција изјави дека прикриените (во цивил) гранични полицајци заедно со израелските војници започнале операција во Наблус за апсење на еден осомничен. За време на активносите дошло до немири во кои едно лице фрлило експлозивна направа врз војниците и беше застрелано од тајната единица, рече портпаролот на израелските гранични сили.
Во текот на изминатиот викенд стотици вооружени еврејски доселеници извршија рации во палестинските села во близина на градот Рамала, блокирајќи ги патиштата, палејќи куќи и автомобили и пукајќи кон цивили, медицински лица и цивили, пишува Reuters.
Израелските власти соопштија дека ескалацијата започнала откако 14-годишен Израелец исчезнал на Западниот брег. Неговото тело било најдено саботата во, како што рече Израел, во веројатен милитантен напад. Стејт департментот на САД го осуди убиството на израелскиот тинејџер и истовремено соопштија дека се сѐ позагрижени од насилството врз Палестинците на Западниот брег.
Во еден инцидент снимен на видео и објавен од израелската група за човекови права Јеш Дин во неделата, група маскирани доселеници запалиле автомобил во град на Западниот брег заштитувани од најмалку тројца израелски војници.
Последните години е силно тензична ситуацијата во палестинската енклава Западниот брег, кој како и Источен Ерусалим меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински територии од страна на Израел во војната во 1967 година, откако израелските власти повторно почнаа со подигнувањето на нелегалните доселенички населби.
Меѓутоа, ситуацијата во енклавата со која владее движењето Фатах, се заостри откако Израел започна воена офанзива во Појасот Газа по првиот во историјата прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7-ми октомври.
Податоците на палестинското Министерство за здравство покажуваат дека израелските сили и доселеници убиле најмалку 460 Палестинци на Западниот Брег од почетокот на војната во Газа. Според израелските податоци, во истиот период Палестинците убиле најмалку 13 Израелци на Западниот Брег, меѓу кои и двајца припадници на израелските сили.