Израелски Jerusalem Post хакиран на годишнината од убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Израелскиот дневен весник Jerusalem Post објави во понеделникот денка неговата веб-страница е хакирана, што го опишаа како „очигледна закана“ за нивната земја.

Наместо главната страница со вестите на хакираната страница на електронското издание се појавила илустрација која асоцирала на највисокиот ирански генерал Касем Сулејмани, убиен во напад на американско беспилатно летало на аеродромот во Багдадт на денешен ден во 2020 година.

Илустрацијата прикажувала предмет сличен на кушрум истрелан од црвен прстен, којшто, како што пренесува Reuters, потсетува на препознатливиот прстен кој го носел Сулејмани.

Дневниот весник Jerusalem Post кој излегува на англиски јазик, објави на Twitter дека работат на решавање на проблемот.

„Свесни сме за очигледното хакирање на нашата веб-страница, со директна закан за Израел“, се наведува во објавата од весникот.