Израелски министер во провокативна посета на Ридот на храмот

Десничарскиот израелски министер за безбедност Итамар Бен-Гвир во неделата го посетил Ридот на храмот, едно од најсветите места за Евреите во Ерусалим, и рече дека на тоа место „главен“ е Израел, што го осуди палестинската страна, по повеќе месеци насилства и зголемени тензии.

Бен-Гвир ја даде изјавата во раноутринската посета на областа којашто Евреите го нарекуваат Ридот на храмот, а муслиманите Платото на џамијата и е третата најголема светост во исламот, неколку дена откако групи еврејска младина се судри со Палестинци извикувајќи расистички пароли во текот на националниот „марш под знамињата“ низ Стариот град во источен Ерусалим.

„Среќен сум што со искачувањето на Ридот на храмот, најважното место за народот на Израел“, рече Бен-Гвир во текот на посетата на местото, коешто е најчувствителна допирна точка меѓу муслиманите и јудаистите во Ерусалим, и е сцена на постојани на судирите.

Во ерусалимскиот Стар град се наоѓа комплексот на џамијата Ал Акса, третото најсвето место на исламот. Тоа е и најсветото место во јудаизмот, кој го нарекува Брдо на храмот. Според мировниот преговори, ограничен е пристапот на Евреите кон овој комплекс, но последните години сѐ погласни и помасовни се обидите за присуство на местото каде што се смета дека се наоѓал древниот јудејски храм, а зачестени се и идеите за повторно подигнување на „Третиот храм“, што би претставувало уривање на џамијата.

Тензиите околу ова место во 2021 година предизвикаа избувнување на десетдневната војна на Израел со исламистичкото движење Хамас, кое од 2007 година управува со палестинската енклава Појасот Газа. Хамас во повеќе наврати предупреди дека ќе реагира на она што го смета за „еврејски упади“ на локацијата, за којашто според договорот за смирување на тензиите, е одговорен и се грижи Јордан.

„Сите закани на Хамас нема да помогнат, ние сме главни тука во Ерусалим и во целата земја Израел“, порача Бен-Гвир.

Ридот на храмот е најсветото место за Евреите, каде старозаветниот крал Соломон го изградил првиот храм пред 3.000 години и каде вториот храм го разурнале древните Римјани. Воедно тоа е и третото најсвето место во исламот, а ја содржи џамијата Ала Акса со златна купола, за кое муслиманите веруваат дека е местото од каде што пророкот Мухамед се вознесол во небесата.

Според договорот, немуслиманите може во помали групи да го посетат ова место во центарот на ерусалимскиот Стар град, но не им се дозволени молитвите. Меѓутоа, еврејските посетители сѐ почесто ја игнорираат таа забрана. Палестинците тоа го сметаат за провокација и стравуваат дека Израел има намера да ја преземе целосната контрола над таа локација.

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, изјави дека „упадот на Бен-Гвир во дворот на џамијата Ал Акса, рано утрово, како крадец, нема да ја промени стварноста и нема да го наметне израелскиот суверенитет над неа“.

Портпаролот на Хамас изјави дека Израел ќе ни понесе последиците поради „дивјачкиот напад“ на Бен-Гвир на џамијата и ги повика Палестинците да ги зачестат своите посети на џамијата и „да стојат како бедем пред сите обиди да биде сквернавена и да биде направена еврејска“.

Ерусалим, поточно источен Ерусалим кој Израел го зазема во ткн Шестдневна војна во 1967 година а што меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија, е последните години во средиштето на израелско-палестинскиот конфликт, откако во 2014 година Израел го прогласи целиот град за еврејска „историска и неделива престолнина“. Палестинците, пак, сакаат неговиот источен дел, кој го припои Израел во потегот кој не го признава меѓународната заедница освен САД и уште неколку држави, да биде главен град на нивната идна држава.