Израелски научници открија начин како да го уништат коронавирусот за две секунди

Користењето на милиметарските бранови може да уништи 99 отсто од коронавирусот и полиовирусот на површините за две секунди, откриваат научниците од израелскиот Универзитет Ариел, чии резултати се објавени во научното списание Environmental Chemistry Letters.

Тимот експерти ги проучувале ефектите на радиобрановите со должина од еден до десет милиметри (ткн милиметарски оспег на брановите се протега до бранови на 300 GHz) врз заразата и открил дека таквото зрачење овозможува патогените да бидат убиени за две секунди.

„Овој тип зрачење дејствува во режимот на милиметарските бранови, што значи дека тие имаа бранова должина од околу три милиметри. Само за споредба, зрачењето од мобилниот телефон има бранова должина од околу 30 сантиметри,а додека микробрановото зрачење околу 12 сантиметри“, појаснува коавторот на студијата Моше Ејнат во коментар за весникот Jerusalem Post.

Наведува дека милиметарските бранови (MW) се широко користени во медицината, особено во борната против канцерозните клетки. Другата нивна примена е безжичното пренесување на енергијата.

Научниците истакнуваат дека милиметарските бранови можат да ја зголемат температурата, што може да ги убие вирусните честички. Истовремено, новиот метод е погоден за третирање на различни деликатни површини, како што се делови од разни опреми и друга техника.

Авторите на студијата, сепак, се сомневаат дека новиот методи за дезинфекција може да се користи во борбата против инфекциите кај човекот, но истовремено забележуваат дека делува многу брзо: за само две секунди се уништуваат 99,8 отсто од вирусните честички.

„Другите методи коишто моментално се користат за оваа намена, како што е УВ-зрачењето, траат неколку минути а понекогаш и до еден час, а освени тоа тие можат да бидат токсични за луѓето, што го прави овој процес на дезинфекција многу непрактичен“, појаснува водачот на истражувањето д-р Габи Гарлиц.

Израелските научници ја тестирале новата технологија и на полиовирусот и ја постигнале истата ефикаснот како и кај коронавирусот.