Израелскиот парламент, Кнесет, треба да избере нов претседател бидејќи на сегашниот, Шимон Перес му истекува мандатот.
Перес (90), најави дека нема да биде во трка за нов седумгодишен мандат, иако испитувањето на јавното мислење покажало дека има поддршка од 63 отсто од израелците.
Засега од кандидатите ниеден се нема наметнато како фаворит, иако аналитичарите сметаат дека за претседател би можел да биде избран поранешниот претседател на Кнесетот, Рувен Ривлин.