Израелскиот парламент поддржа предлог за нови избори на 2-ри март

Израелскиот парламент Кнесетот го прифати во четвртокот предлогот за одржување на повторени парламентарни избори на 2-ри март, трети за помалку од една година.

Предлогот, кој го поддрќа 94 пратеници, беше прифатен неколку часа по истекот на формирање на владата по последните избори во септември.

Ниту премиерот на заминување Бенјамин Нетанјаху, ниту неговиот главен ривал поранешниот воен командант Бени Ганц не успеаја да формираат влада по септемвриските избори. Тогаш центристичкиот сојуз Сино-бело предводен од Ганц освои 33 места во парламентот со вкупно 120 мандати, додека десничкарската партија Ликуд на Нетанјаху освои 32 места.

Двајцата лидери не можеа да се договорат ниту за формирање на коалициска влада. Откако ниедна партија не успее да формира коалиција која би добила 61 глас во Кнесетот, претседателот Реувен Ривлин повика на формирање влада на националното единство.

Преговорите се распаднаа поради несогласувањата околу изборот на премиерот, инсистирањата на Нетанјаху ултракортодоксните партии да бидат дел од владата и одбивањето на Ганц да соработива со премиер кој е под обвиненија.

Во ноември израелскиот државен обвинител го обвини Нетанјаху за мито, измама и злоупотреба на позицијата во три случаи. Нетанјаху ги отфрли обвиненијата и ги нарече „обид за државен удар“. Тој сѐ уште не објави дали ќе бара парламентот да му додели имунитет, но израелската јавност очекува дека тоа ќе го стори.