Израелскиот парламент во недела ќе гласа за доверба на предлогот за состоавот на новата влада, изјави во вторникот претседателот на Кнесетот, што треба да означи заминување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, израелскиот челник со најдолг стаж.
Доколку коалицијата на десничарсите, левичарските, центристичките и арапските партии ја добијат довербата, истиот ден ќе ја положат свечената обврска, што ќе значи крај на 12-годишниот мандат на Нетанјаху на позицијата премиер кого ќе го замени националистот Нафтали Бенет.
Минатата среда лидерот на центристичката партија Јеш Атид, Јаир Лапид, објави дека тој и Нафтали Бенет, поранешен министер за одбрана кој е на чело на крајната десна партија Јамина, ја формирале по изборите од 23-ти март, четвртите во Израел во две години.
Според нивниот договор, прво премиерската должност ќе ја извршува Бенет, а по него Лапид.
Бенет го повика претседателот на парламентот Јарив Левин, кој му е лојален на Нетанјаху чија конзервативна партија Лапид повторно освои најмногу мандати но недоволно да привлече коалициски партии, оваа среда да го одржи гласањето во Кнесетот. Го повика и Нетанјаху да се откаже од сите напори да наговори члениви од новата коалиција да се откажат и да ја спречат инаугурацијата.