Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се подготвува за операција на простата, објави неговиот кабинет во саботата вечерта. Тој во недела треба да биде опериран како дел од лекувањето на инфекција предизвикана од бенигно зголемување на простатата.
Седумдесет ипетгодишниот Нетанјаху минатата среда беше прегледан во болницата „Хадаса“ во Ерусалим и оттогаш прима лекарства.
Состанокот на израелскиот кабинет закажан за недела сепак ќе се одржи, се додава во соопштението, иако не е јасно дали Нетанјаху ќе присуствува.
Последниве Нетанјаху години неколкупати беше хоспитализиран. Кон крајот на март беше опериран под општа анестезија поради хернија, а во 2023 година му беше вграден електростимулатор на срцето.