Израелските Арапи штрајкуваат поради зголемениот број насилства

Арапските граѓани на Израел денеска прогласија генерален штрајк и протестираат против бранот насилство во нивната заедница.

Локалните и националните арапски лидери повикаа на штрајк и новоизбраните членови на израелскиот Парламент, Арапите, планираат да не положат заклетва денеска, во знак на солидарност.

Полицијата соопшти дека оваа година имало повеќе од 70 убиства, речиси исто како и во текот на 2018 година.

Претходно оваа недела, двајца браќа беа убиени, а трет беше ранет во расправија при пукање, а имаше и напади со ножеви во градот Мажд ал Крум.

Арапските лидери велат дека израелските власти не сториле доволно за да го спречат насилството.

Полицијата соопшти дека конфискувала 4.000 парчиња оружје и уапсила 2.800 луѓе оваа година. Според неа, арапската заедница мора да стори повеќе во однос на спречувањето насилство.

Во Израел живеат 1.890.000 Арапи, што претставува 21 отсто од вкупниот број население, кое изнесува околу девет милиони.