Израелските доселеници убиле еден и раниле тројца Палестинци, во воен напад уште петмина убиени на Западниот брег

Израелски доселеници убиле еден Палестинец и раниле уште тројца во Витлеем на окупираниот Западен брег, додека други пет биле убиени во израелски напад врз бегалскиот камп Нур Шамс во близина на градот Тулкарм, соопшти во вторникот палестинското Министерство за здравство.

Израелската војска одговори дека нејзините авиони нападнале оперативен центар на милитантите во бегалскиот камп и дека војниците ги блокирале рутите и вршат претреси на Западниот брег по извештаите за киднапирање.

Палестинците редовно ги обвинуваат израелските безбедносни сили дека стојат настрана и дозволуваат групи насилни вооружени еврејски доселеници да ги нападнат нивните домови и села, а инцидентите предизвикаа зголемена меѓународна загриженост. САД и голем број европски земји воведоа санкции за насилните доселеници и постојано го повикаат Израел да стори повеќе за да ги спречи нападите.

Покрај ескалацијата на нападите на доселениците, судирите со израелската војска на Западниот брег остро се зголемија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа минатата година, бидејќи израелските сили ги зајакнаа операциите против вооружените милитантни групи, вклучувајќи ги Хамас и Исламски џихад.

Најмалку 30 Израелци, цивили и војници, биле убиени од Палестинците во Ерусалим и на Западниот брег во истиот период, според официјалните израелски податоци. Полестинските жртви во истиот период се изразуваат „во стотици“, според Палестинската самоуправа.