Израелските единици повторно го нападнаа источниот дел на Кан Јунис

Израелските војници во понеделникот повторно го нападнаа источниот сектор на Хан Јунис, принудувајќи го населението на багство. На друго место во Кан Јунис, десетици тела беа пронајдени во масовни гробници на теренот на главната болница во градот, која по заземањето беше напуштена од израелските војници.

Израелските сили повторно го нападнаа од воздух и најјужниот град Рафах, последното засолниште за повеќе од половината од вкупното население на разорената палестинска енклава Појасот Газа.

Израел ненадејно го повлече најголемиот дел од своите копнени трупи од јужниот дел на Појасот Газа претходно во април по тешките борби. Жителите почнаа да се враќаат во своите домови во вториот по големина град во палестинската енклава, наидувајќи на урнатини и мртви луѓе на улиците.

„Многу семејства кои заминаа овде во последните две седмици за да се вратат во Абасан се вратија утрово. Тие беа премногу исплашени. Тие рекоа дека тенкови влегле во источниот дел на градот со силни истрели и дека морале да побегнат“, изјавил преку апликација за разговор за Reuters 42-годишниот Ахмед Резик од училиштето каде што се засолни во западниот дел на Кан Јунис, зборувајќи за источниот кварт на градот.

Во урнатините на болницата „Насер“, најголемата во јужниот дел на Појасот Газа, Reuters видел работници во бели заштитни костуми како ископуваат тела од земјата. Според палестинските власти, на местото биле пронајдени уште 73 тела, за една седмица вкупно 283.

Израел тврди дека морал да се бори во болницитем бидејќи таму наводно дејствувале оперативци на Хамас, што медицинскиот персонал и Хамас го негираат.

Властите во Газа соопштија дека досега пронајдените тела потекнуваат само од една од најмалку трите масовни гробници на местото.

„Очекуваме да најдеме уште 200 тела во истата масовна гробница во следните два дена пред да почнеме да работиме на другите две гробишта“, рече директорот на канцеларијата за медиуми на Хамас, Исмаил ал-Тавабта.

Го обвини Израел дека извршува „егзекуции“ во болницата и дека ги прикрива злосторствата со закопување на телата со булдожер. Израел го негира ова.