Преговарачките тимови на двете најголеми израелски партии денеска се состанаа со надеж дека во последниот обид ќе постигнат договор за коалицирање пред последните неколку часа од крајниот рок за формирање нова влада, што завршува на полноќ, јави ДПА.
Портпаролите на конзервативната Ликуд партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху, и на центристичкиот сојуз од партии „Сино и бело“ на Бени Ганц, не сакаа да дадат коментар за содржината на разговорите.
Но, водечките израелски ТВ канали информираат дека именувањето судии и судењето на Нетенјаху што следи, се дел од точките во разговорите.
Канал 13 објави дека Ликуд сака „Сино и бело“ да помогнат во донесувањето на законот што, всушност, ќе му наложи на Врховниот суд да не може да донесе пресуди со која ќе му забрани на Нетанјаху да биде премиер поради обвиненијата против него.
Канал 12, меѓутоа, информира дека „Сино и бело“ се спротивставуваат на барањето на Ликуд за правото на вето врз назначувањето судии, кои, според нив, наводно се левичари и антиНетанјаху.
Израелскиот претседател, Реувен Ривлин, вчера го отфрли барањето на Бени Ганц за двонеделно продолжување на мандатот што му беше даден, за да се обиде да формира влада по изборите од 2 март.
Израел за помалку од една година оддржа три успешни избори, но по нив ниту долгогодишниот премиер Нетанјаху, ниту Ганц, не можеа да формираат владина коалиција, пренесе ДПА.