Израелските сили убија најмалку 22 луѓе во јужен Либан кои се обидуваат да се вратат во нивите окупирани домови

Израелските сили убија 22 лица а ранија уште 124 други во јужниот дел на Либан во неделата, кога измина крајниот рок за нивно повлекување и илјадници луѓе се обидоа да се вратат во своите домови пркосејќи на израелските воени наредби, соопштија либанските власти.

Израел во петокот соопшти дека ќе ги задржи војниците на југ надвор од крајниот рок во недела, утврден со примирјето со посредство на САД, кое ја прекина минатогодишната војна со Хезболах, тврдејќи дека Либан сè уште не ги спроведува целосно условите со кои се бара јужен Либан да биде ослободен од инфрастуктурата на движењето Хезболах и таму да биде либанската армија да биде распоредена.

Либанската војска поддржана од САД, која објави дека еден нејзин војник е меѓу убиените од израелските сили во неделата, го обвини Израел за одолговлекување со повлекувањето.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека 22 лица биле убиени, а уште 124 ранети на најмалку 19 локации на југот, како резултат на, како што ги опиша, израелските напади врз граѓаните додека се обидувале да влезат во нивните сè уште окупирани градови.

Конфликтот Хезболах-Израел се водеше паралелно со војната во Газа и го достигна врвот во големата израелска офанзива која протера повеќе од милион луѓе во Либан и, како што тврди сериозно ослабувајќи го влијателното во Либан шиитско вооружени движење Хезболах, поддржано од Иран .

Израелската војска соопшти дека нејзините војници „што оперираат во јужен Либан испукале предупредувачки истрели за да ги отстранат заканите во голем број области каде што биле идентификувани осомничените кои им се приближувале на војниците“. Исто така, се вели дека „голем број осомничени … кои претставуваат непосредна закана“ се уапсени.

Телевизијата Al-Manar под контрола на Хезболах, која емитуваше од неколку локации на југот, прикажа снимки од жителите кои се движат кон селата од раноутрото во неделата, а некои го држат знамето на движењето и слики на борците на Хезболах загинати во војната.

Портпаролот на израелската војска, обраќајќи им се на народот на јужен Либан во пост на X, го обвини Хезболах дека наводно се обидува да ја „вжешти ситуацијата“ и тврди дека израелската армија „во блиска иднина“ ќе ги информира за местата каде што можат да се вратат.

Хезболах ја препушти одговорноста на либанската држава да обезбеди повлекување на Израел.

Пратеникот во либанскиот парлаемент од редовите на Хезболах, Хасан Фадлалах, рече дека Либан е посветен на договорот за прекин на огнот, но дека Израел го прекршил договорот со поддршка од САД. Белата куќа во петокот соопшти дека итно е потребно кратко, привремено продолжување на примирјето.

„Она што се случува во пограничните села е ослободување на народот од силата и нашиот народ нема да биде скршен од израелската армија. Сакаме државата целосно да ја одигра својата улога, а војската да биде распоредена во селата. Ние соработуваме со неа за да ја олесниме нејзината мисија“, рече Фадлалах за Reuters.

Високиот официјален претставник на Обединетите нации во Либан и шефот на мировниците на ОН на југот изјавија дека условите „сѐ уште не се создадени“ за безбедно враќање на либанските граѓани во селата во близина на границата.

„Факт е дека временските рокови предвидени“ во прекинот на огнот „не се исполнети“, се вели во соопштението.

Претседателот Жозеф Аун, кој беше командант на либанската армија пред парламентот да го избер за шеф на државата на 9-ти јануари, го повика народот на југот на воздржаност и доверба во либанската војска.

„За суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан не може да се преговара, и јас го следам ова прашање на највисоко ниво за да ги осигурам вашите права и достоинство“, рече тој во изјавата.

Договорот постави временска рамка од 60 дена за спроведување. Израел не објави колку долго неговите сили ќе останат на југот на Либан, каде што израелската војска вели дека наводно запленила оружје на Хезболах и ја демонтирала неговата инфраструктура.

Израел соопшти дека неговата офанзива против Хезболах имала за цел да обезбеди враќање дома на десетици илјади Израелци кои биле принудени да ги напуштат домовите на границата поради ракетниот истрел на Хезболах.

Шиитски Хезболах почна со размена на оган со израелската војска како поддршка на својот поранешен сунитски непријател палестински Хамас на почетокот на војната во Газа на 8 октомври 2023 година, кога Израел ја започна својата сеопфатна разорна инвазија во палестинската енклава како одмазда за крвавиот брутален упад на Хамас во јужен Израел ден претходно.