Израелските сили убиле најмалку 27 Палестинци во судирите на Западниот брег (на реката Јордан) од саботата кога исламистичкото палестинско движење од другата енклава Појасот Газа ненадејно го нападна Израел кој поради тоа му објави војна на Хамас и почна да ја бомбардира Газа.
Палестинските милитантни фракции го повикаа населнието на Палестинските подрачја да се придружат во борбата против израелската окупација и расте заканата од голема ескалација. Во средата израелските безбедносни сили убиле тројца Палестинци во селото Кусра близу градот Наблус на Западниот брег, пренесува Reuters.
По нападот на Хамас, израелската војска соопшти дека ги снабдува израелските граѓани кои имаат дозвола за носење оружјеа со илјадници парчиња огнено оружје за да го „зајакне одбранбениот систем“ ширум земјата.
Пет малолетни лица се меѓу жртвите од саботата во Западниот брег, соопшти палестински функционер. Повеќе од 130 Палестинци се ранети, многумина во судирите со израелската војска ширум Западниот брег, кој меѓународната заедница заедно со источен Ерусалим ги смета за окупирана палестинска територија од страна на Израел во ткн Шестдневна војна од 1967 година.
Со растењето на независноста кој ќе го наследи остарениот и сѐ повеќе непопуларниот претседател на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, Хамас настојува да го прошири своето влијание и на Западниот брег, откако во 2007 година ги протера функционерите од неговата влада од Појасот Газа.
Израелската војска соопшти дека се подготвува за ескалација на Западниот брег и нејзините сили се ставени на висок степен на приправност, како и дека спроведува апсења на осомничени екстремисти и спречување можни напади.
„Секој што ќе се осмели да нѐ провоцира во Јудеја и Самарија (библиските еврејски називи за териториите на Западниот брег), ќе се соочи со голема моќ“, изјави воениот портпарол контраадмиралот Даниел Хагари претходно седмицава.
Контролините воени пунктови сѐ уште се затворени во средата, а патиштата во неколку делови од Западниот брег се блокирани што го ограничува движењето на населението кое има потреби.
Хамас постојано ги испраќа повиците до Палестинците во Ерусалим и на Западниот брег да му се придружат во борбата против окупацијата. И покрај големите разијдувања со Хамас, партијата Фатах на Махмуд Абас, која доминира на Западниот брег, објави дека Палестинците надвор од Појасот Газа, исто така, треба да се борат против израелската окупација.
Насилството на Западниот брег, исто така, расте од зачестените упади на израелската војска во оваа област од почетокот на годинава и противнападите на Палестинците на израелски цели главно изведувани од припадници или поддржувачи на екстремните фракции од Појасот Газа.
Во текот на 2023 година до саботата убиени се најмалку 220 Палестинци и најмалку 29 лица во Израел, според податоците на Обединетите нации.
Откако стотици илјади Палестинци били принудени да ги напуштат своите домови во војната од 1948 година која следеше по основањето на Државата Израел, Палестинците настојуваат да ја формираат својата независна држава на Западниот брег, а којашто би ги опфаќала и Источен Ерусалим и Појасот Газа. Тој план денес се чини подалечен од кога и да е, бидејќи израелските доселеници ги ширеа своите населби на палестинските области и така ја отсекуваа прородната поврзаност и комуникација меѓу палестинските заедници, а последично со прогласувањето на Ерусалим за „историска и неделива“ израелска престолнина замрзнати се и преговорите за решение на конфликот со две држави под покровителство на САД.
Групите за човекови права велат дека израелските власти системски ги угнетувале Палестинците со децении спроведувајќи политика слична на апартхејдот, а од 2007 година воведоа и блокада на Појасот Газа кога во енклавата на власт дојде Хамас.