Израелските убиства во болницата во Џенин би можеле да бидат воено злосторство

Убиството на тројца Палестинци во окупирана болница на Западниот брег минатиот месец од страна на израелски командоси маскирани во здравствени работници и муслиманки може да се смета за воени злосторства, изјавија во петокот група експерти на Обединетите нации.

Тројца милитанти беа убиени на 29-ти јануари во заедничка тајна операција на армијата, службата за безбедност Шин Бет и граничната полиција во болницата „Ибн Сина“ во Џенин, еден од најнестабилните градови на Западниот брег, соопшти израелската војска.

„Според меѓународното хуманитарно право, убиството на беспомошен повреден пациент кој се лекува во болница претставува воено злосторство“, се вели во соопштението на експертите на ОН, мислејќи на Базел ал-Газави, пациент кој се лекувал поради повреди со кои се здообил при израелски воздушен напад.

„Со тоа што се маскираа како навидум безопасен, заштитен медицински персонал и цивили, израелските сили, исто така, prima facie извршија воено злосторство со измама, што е забрането во сите околности“, додаваат тие, повикувајќи го Израел да спроведе истрага.

Овие експерти се специјални известувачи ангажирани од Обединетите нации да испитаат одредено прашање за човековите права.

Израелската војска не била веднаш достапна за коментар за Reuters за нивната изјава.

Снимката на надзорната камера од болницата покажува група од околу 10 луѓе, облечени различно во цивилна облека и медицински наметки, вклучително и тројца во женска облека со шамии, како шетаат по ходникот вооружени со автомати.

Израелската војска соопшти дека еден од убиените во болницата наводно бил член на палестинската милитантна група Хамас, која управува со другата палестинска енклава Појасот Газа, а другите работеле за бригадата Џенин и вооруженото крило на Исламскиот џихад.

На окупираниот Западен брег дојде континууираните насилства од изминатите години ескалираа по нападот на Израел на 7 октомври од страна на Хамас и последователната израелска инвазија на Газа и досега во нив се убиени повеќе од 380 Палестинци а илјадници без разлика на возраста и полот се однесени во израелските затвори