Копнената офанзива на Израел на палестинска територија, што дојде како одговор на нападите без преседан на милитантите на Хамас на 7 октомври во јужниот дел на државата Израел, ги смени воените ставови кон жените.
„Во Газа, тоа беше првпат за сите жени“, рече Маром, која како и другите интервјуирани војници одби да го каже своето второ име, согласно воените правила.
Маром со спринт оди кон позицијата сместена во планините над границата на Израел со Египет, со својата пушка М16 на одбранбена позиција како дел од вежба за обука. 21-годишната Маром е една од првите Израелки кои имале борбена улога во Газа, каде неодамна помина две недели.
„Можеме да ја видиме промената, можеме да видиме како девојките се прифаќаат во борба“, рече таа.
Уште од раните фази на војната имаше незадоволство поради медиумските извештаи дека воените лидери ги игнорирале предупредувањата од младите жени поставени како стражари долж милитаризираната граница на Газа, во месеците пред нападите на Хамас.
„Тоа е голема грешка и не знам како се случи“, рече 20-годишната Елиора.
Но, сега, неколку месеци по војната во Газа, жените велат дека нашле прифаќање.
Шана, 23-годишна командант на баталјон, рече дека војната покажала дека жените борци можат да преземат поголема улога.
„На почетокот, тие (машките војници) гледаа малку чудно, но на крајот на денот, ние сме подготвени, обучени сме за тоа“, рече таа.
Нападот на Хамас врз Израел резултираше со смрт на околу 1.140 луѓе, главно цивили, според извештајот на АФП заснован на официјални податоци.
Милитантите, исто така, имаат околу 250 заложници, од кои околу 132 според Израел остануваат во Газа. Најмалку 27 заробеници се верува дека се убиени, според извештајот на АФП заснован на израелски бројки.
фото: Facebook / Israel Defense Forces