Израелско-палестински конфликт: Арапските држави и ЕУ согласни за решението со две држави

Арапските држави и Европската унија се согласија на состанокот во Шпанија во понеделникот дека решението со две држави е одговор на израелско-палестинскиот конфликт, додека шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Палестинската самоуправа треба да владее и со енклавата Појасот Газа.

Борел рече и дека сите членки на ЕУ кои присуствуваа на состанокот на медитеранските земји во Барселона се согласиле за потребата од решение со две држави.

Палестинската смоуправа мора да одржи избори и да го подобри своето функционирање, но тоа е единственото „одржливо решение“ за иднината на лидерството во Газа, во моментов под водство на исламистите од Хамас, за да се избегне „вакуум на власта“, оцени Борел.

Според израелските податоци, сегашното четиридневно примирје е првиот прекин на борбите во последните седум недели откако Хамас го нападна Израел, при што загинаа 1.200 луѓе и зедоа 240 заложници во Газа. Како одговор на нападот, Израел ја бомбардираше енклавата и започна копнена офанзива. Околу 14.800 Палестинци се убиени, соопштија здравствените власти во Газа, додека повеќе од милион луѓе се раселени.

Катар и Хамас во понеделникот објавија дека четиридневниот прекин на огнот, кој требаше да истече во вторник наутро, е продолжен за 48 часа.

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади изјави во Барселона дека Палестинците треба да одлучат кој ќе владее со нив и дека сите разговори за постконфликтно управување со Појасот Газа треба да се фокусираат на Западниот брег и Газа како единствен ентитет.

Решението за две држави предвидува држава на Палестинците на Западниот брег и Појасот Газа, заедно со Израел. Повеќегодишниот прекин на израелско-палестинските преговори со посредство на САД беа прекинати откако Израел го прогласи Ерусалим за своја „историска и неделива“ престолнина, додека Палестинците сакаат источен Ерусалим, кој меѓународната заедница како и Западниот брег го смета за окупирана палестинска територија по 1967 година го посакуваат како главен град на нивната идна држава.

Во Барселона се одржа состанок на форумот на Унијата за Медитеранот, 43-члена група од европски, северноафрикански и блискоисточни земји. Израел не присуствуваше на состанокот.