
Социјалните мрежи го променија начинот на комуникација, па и децата уште од мали нозе веќе се прилагодија на новиот начин на живеење.
Доказ за тоа е и едно девегодишно момче од САД, кое ја искористило социјалната мрежа Твитер за да и предложи на „девојката од неговите сништа“ да „бидат заедно“.
Љубовната преписка на малиот заводник ја објави неговиот постар брат Фреди Амејзин и таа со голема брзина се прошири на Интернет.
– И… дали ние сме заедно, прашува девојчето,
– Не знам, сакаш ли да бидеме заедно?, возвраќа момчето со прашање.
– Само ако ти сакаш, се надворзува девојчето.
Набрзо потоа следува прашање на девојчето: „дали ме сакаш“ и секако деветгодишното момче одговара потврдно, а кога му возвраќа дека „таа го сака повеќе“, тој додава дека „ја сака повеќе од Галаксијата“ и „повеќе од Вселената“.
Тој уште и ветува и дека ќе земе „некој долар“ од родителите за да може да и купи сладолед.