Во САД е изречена првата затворска казна за учество во немирите во Конгресот на САД, на 6 јануари годинава.
Осудениот Пол Хоџкинс (38) пред судот изјавил дека жали поради направените кривични дела „нанесување штета на зградата на Конгресот“ и „нарушување на функционирањето на членовите на Конгресот“.
Федералниот обвинител Рандолф Мос истакна дека Хоџкинс извршил голем напад врз демократијата.
Откако се изјасни за виновен и изрази жалење за тоа, Судот одлучи да му ја намали затворската казна од 18 месеци, побарана од обвинителите, по што го осуди на осум месеци затвор.
Изречената казна за Хоџкинс од Флорида може да претставува преседан за приближно 230 луѓе кои беа во притвор за немирите во Конгресот на 6 јануари и чекаат судење по истото обвинение.
Во јуни, Хоџкинс, во соработка со обвинителите, се изјасни за виновен за обвинението за блокирање на пребројувањето на изборните гласови со упадот во Сенатот.
Зградата на Конгресот беше сцена на големи немири што избувнаа на 6 јануари кога приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во зградата.