Изречени 111 казни за непрописно престигнување

Во сообраќајна контрола вчера, во периодот од 10.00 до 15.00 часот, на територијата на државава изречени се 111 санкции за непрописно престигнување.

Како што информираат денеска од МВР, од нив 40 биле на територијата на СВР Тетово, 21 на територија на СВР Битола, 19 на територија на СВР Охрид… За време на контролата санкционирани се и 222 други видови на прекршоци.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.