Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.