-0.2 C
Skopje
среда, февруари 19, 2025

Изрешетан познат рапер додека ги купувал омилените колачи, фановите во солзи (ФОТО)

Јанг Долф е убиен попладнево во Мемфис, јавува телевизијата FOX.

Триесет и шест годишниот рапер и пејач е убиен во слаткарница каде влегол да купи колачи, потврдиле вработените кои биле сведоци на настанот.

– Некој дојде со автомобил и пукаше кон него, вели сопственикот на локалот.

Раперот чие вистинско име е Адолф Роберт Торнтон е познат особено во неговиот град Мемфис, а во 2016 година го издал својот деби албум „Kinf of Memphis“.