Извештај: Изрелски тенк пукал врз новинарите во Либан, кога беше убиен репортерот на Reuters

Екипажот на израелски тенк екипаж убил известувачот на британската новинска агенција Reuters во Либан во октомври истрелувајќи две гранати врз јасно идентификувана група новинари и „веројатно“ отворил оган врз нив од митралез во напад што траел една минута и 45 секунди, се вели во извештајот за инцидентот објавен во четвртокот.

Извештајот на холандската организација за применети научни истражувања (TNO), контактирана од Reuters за да ги анализира доказите за нападот на 13-ти октомври во кој беше убиен визуелниот новинар Исам Абдала, открива дека тенк лоциран во Израел на оддалеченост од 1,34 километри, испукал две гранати од 120 мм кон новинарите.

Првата граната го убила 37-годишниот Абдала и тешко ја повредила фотографката на француската новинска агенција AFP, 28-годишната Кристина Аси. Истрагата на Reuters во декември вклучуваше прелиминарни заклучоци на ТNO дека тенк од територијата на Израел отворил оган врз групата новинари кои известувале за инцидентите на израелско-либанската граница.

Во последниот извештај во четвртокот, институтот открива дека аудио снимката од видео-камерата на катарската телевизија Al Jazeera на местото на настанот покажала дека новинарите биле нападнати и со муниција калибар 0,50, тип што го користат митралезите „Browning“ што може да се монтираат на израелските тенкови „Merkava“.

„Се смета за веројатно сценариото дека тенкот Merkava, откако истрелал две тенковски гранати, исто така, употребил и митралез во нападот на локацијата на којашто се наоѓале новинарите. Тоа не може со сигурност да се заклучи имајќи предвид дека правецот и точната оддалеченост на огнот од митролезот не можеа да бидат утврдена“, се наведува во извештајот.

Израелската војска соопшти дека работи на одговор на прашањата на Reuters за инцидентот. Во декември армијата во врска со овoj инцидент одговори „Ние не напаѓаме новинари“.

Еден ден по објавувањето на истрагата на Reuters, а AFP објави дека нивната аналзиа се совпаѓа со тие наводи, војската соопшти дека инцидентот се случил во активна зона на конфликт. Меѓународното хуманитарно право забранува напади врз новинари, кои не треба да се сметаат за воени цели како и цивили.

Во групата новинари во селот Алма ал-Шаб и неговата околина тој ден биле репортери на AFP, Al Jazeera и Reuters и сите носеле сини шлемови и панцирни елеци на коишто со големи видливи бели букви пишувало „PRESS“, ознака којашто ја истакнуваат репортерските екипи.

Amnesty International објави дека станува збор за директен напад врз цивили кој треба да биде истражен како воено злосторство. Од Human Rights Watch во засебно соопштение наведоа дека израелските напади тој ден биле „насочен напад врз цивили и како такви се воено злосторство“.

Израел беше обвинет и во пролетта 2021 година во кусотрајната конфронтација со Хамас, кога неговите сили ракетираа станбено-деловна зграда во Газа во којашто беа сместени дописништва на многу светски медиуми, како Assosciated Press, CNN, Al Jazeera…. Тогаш, израелската војска преку смс-пораки ги известила жителите на блокот дека ќе ја нападне зградата, по што таа била навремено евакуирана.