Извештај: Мобилниот интернет во Германија брз само на хартија

Германските телекомуникациски компании само во неколку случаи им ја обезбедуваат на корисниците брзината на мобилната услуга наведена во договорите, се вели во годишниот извештај на регулаторот.

Брзината на мобилните и фиксните мрежи е речиси по правило помала од онаа којашто е наведенаво договорите, откри мрежната агенција во извештајот објавен во четвртокот, потврдувајќи ги заклучоците од претходните години.

Состојбата е особено лоша кај мобилниот интернет, бидејќи само четири проценти од корисниците во 2022/2023 година ја добиле брзината на пренос на податоци наведена во договорот. Во претходниот период нивното учество беше само три проценти.

Една четвртина од корисниците добиле мобилен интернет кој бил за половина побавен од минатата година.

Во сегментот на фиксните мрежи, само 43,5 отсто од корисниците ја добиле договорената брзина на пренос на податоци, а дури 85,5 отсто од нив добиле најмалку за половина од брзината, приближно како и во претходниот период.

Сепак, повеќето корисници се задоволни од давателите на интернет услуги. Преодна оценка за услугата фиксен пристап до интернет дале 79,1 отсто од испитаниците, а од мобилната мрежа задоволни 70,4 отсто од испитаниците.

Воедно, регулаторот заклучи дека е постигнат значителен напредок во проширувањето на мобилната мрежа од петтата генерација (5G), чие учество во извештајниот период 2022/2023 година изнесувал околу 29 отсто. Во периодот 2021/2022 тоа беше само шест проценти.

„Задоволен сум што мрежните оператори брзо напредуваат во пуштањето во употреба на 5G. Сè повеќе мобилни корисници имаат многу брзи услуги“, рече претседателот на Сојузната мрежна агенција Клаус Мулер, додавајќи дека процесот ќе продолжи и во наредните години.