Извештај на ЕК: Заев не се бори против корупцијата

Распространетост и недоволната борба против корупцијата во Македонија, се констатира во најновиот извештај на Европската унија за напредокот на државава.
Во извештајот е наведено дека корупцијата во Македонија е распространета во многу области и за нејзина борба треба да се обезбеди поактивен пристап од сите чинители кои се занимаваат со спречување и борба против корупцијата.

Исто така пишува дека одреден напредок на оперативно ниво имало во борбата против организираниот криминал, но треба да се стори повеќе за да се подобри ефикасноста на спроведувањето на законот во борбата против специфични форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал.

Доказ дека корупцијата во Македонија цвета е и последното истражување на граѓанската организација МЦМС, чија проекција покажува дека на половина милион жители, барем еднаш лани, им било побарано мито, а околу четиристотини илјади граѓани барем еднаш дале поткуп на државен службеник за да им се заврши одредена услуга.

Ниската ефикасноста на институциите во борбата против корупцијата, која што е забележана и во извештајот на ЕУ, го потврдува и истражувањето на МЦМС. Во проекцијата пишува дека многу е ниска стапката на ефикасност на институциите во борбата против корупцијата. Имено, ако се спореди бројот на лица кои во 2018 година беа обвинети за злоупотреба на службената положба и за за примање и давање поткуп, кој изнесува 95 лица со бројот лица кои им е побаран поткуп, добиваме 0.024% стапка на ефикасност на институциите.

Од друга страна пак, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на осудени лица за давање или примање на поткуп е многу мал. Најголем број на виновни лица за давање и примање поткуп е 24 во 2008 година а најмал во 2018 година каде бројот изнесува 2.

Перцепцијата дека корупција преставува круцијален проблем во Македонија се искачи за едно место погоре во однос на лани, односно сега е на четвртото место веднаш после невработеноста, политичката нестабилност и ниските приходи како клучни проблеми.

Истражувањето покажува дека за околку 80 проценти од македонските граѓани  водечки фактори за широко распостранета корупција се неефикасноста на судскиот систем во борбата против корупцијата, желбата за брзо и лично богатење на оние кои се на власт и недостаток на строга административна контрола врз корупцијата.

Четири од пет анкетирани граѓани сметаат дека судиите и јавните обвинители се најкорумпирани. Покрај нив големо мнозинство околу 77 проценти од анкетираните сметаат дека пратениците, министрите, лидерит на политичките партиии и локални лидери се најкорумпирани професии. Нешто повеќе од една третина во најкорумпираните професии ги вметнуваат и банкарите и наставниците.