Извештајот на специјалниот обвинител за Бајден е неточен, тврди Белата куќа

Белата куќа во петокот силно го критикуваше извештајот на специјалниот советник на Министерството за правда во кој се наведува дека претседателот Бајден страда од губење на меморијата, велејќи дека вклучува неточни, неоправдани и несоодветни критики.

Иан Самс, портпарол на канцеларијата на правниот советник на Белата куќа, излезе на говорницата во брифинг-салата за да го критикува извештајот на специјалниот советник Роберт Хур и да изрази скептицизам за неговата пресуда.

Хур во извештајот објавен во четвртокот рече дека одлучил да не поднесе кривична пријава по 15-месечната истрага за ракувањето со доверливи документи од страна на Бајден, бидејќи претседателот соработувал. Тој додаде дека би било тешко да се осуди Бајден и го опиша како „добродушен, постар човек со лоша меморија“.

Неговата забелешка дојде во непријатниот момент кога Бајден претходно седмицава во два свои говора во кои ги опишуваше своите разговори со странските челници ги измеша актуелнот француски претседател Емануел Макрон со дамна починатиот Франсоа Митеран, а два дена подоцна и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел со починатиот нејзини претходник Хелмут Кол.

„Ние само одбиваме дека тоа е вистина“, рече Самс.

Потпретседателката Камала Харис, исто така, се осврна на контроверзноста.

„Начинот на кој се карактеризира однесувањето на претседателот во тој извештај е повеќе од погрешен и очигледно е политички мотивиран“, рече Харис.

Самс рече дека коментарите на специјалниот обвинител дека Бајден не може да се сети на датумот на смртта на неговиот син „ја преминува границата“. Саамиот Бајден бурно реагираше на коментарите на Хур за неговиот син во четвртокот вечерта, велејќи „како, по ѓаволите, се осмелува да го изнесе тоа“.

Американскиот претседател Џо Бајден постапил погрешно кога со себе земал доверливи документи за американската војна во Авганистан и други прашања за националната безбедност кога ја напушти потпретседателската функција во 2017 година, но нема да се соочи со обвиненија, се вели во извештајот на специјалниот обвинител објавен во четвртокот.

Документите вклучуваат рачно напишано писмо од 2009 година до тогашниот претседател Барак Обама во кое се изразува спротивставување на планираното зголемување на војниците во Авганистан, како и рачно напишани белешки за разузнавачките брифинзи и состаноците за национална безбедност, откри специјалниот обвинител Роберт Хур во извештајот.

Бајден му рекол на својот мемоарист за време на разговор во февруари 2017 година во изнајмена куќа во Вирџинија дека „штотуку ги нашол сите доверливи работи долу“, се вели во извештајот, во кој се тврди дека разговорот би бил најдобриот доказ за импичмент на претседателот.

Но, Хур посочи неколку причини зошто не го сторил тоа, вклучувајќи го и фактот дека Бајден можеби ги одзел документите додека сè уште бил потпретседател и сè уште имал овластување да ги чува таквите документи. Меѓутоа, според некои американските медиуми од таа позиција Бајден немал ниту право да има достап до таквите документи.

Специјалниот обвинител именуван од министерстот за правосудство кој го именува претседателот, рече дека Бајден немало да биде обвинет дури и да немало долгогодишна политика на Министерството за правда, кое не покренува обвиненија против претседателот кој е на власт.

Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.

Извештајот на Хур и неговата одлука да не подигне обвиненија бездруго ќе доведат до обвинувања за двојни стандарди од Трамп и неговите републикански сојузници.