![светска банка Светска банка ги продолжува активностите во Македонија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/svetska-banka.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
„Ребалансирање за посилен раст“ е насловот на деветтото издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во Југоисточна европа (ЈИЕ 6 Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) што денеска ќе го промовира Светска банка.
Регионалниот извештај ќе го претстави Галина Андонова Винчелете главен економист на СБ за регионите на Европа и Централна Азија и коавтор на Извештајот преку видео линк кој ќе биде обезбеден со канцелариите на Светска Банка ЈИЕ 6 земјите. Преку линкот освен Андонова Винчелете на прашања ќе одговараат и други економисти од СБ за наведените земји.
Во Скопје извештајот ќе го претстават Ивајло Изворски менаџер на Одделот за макроекономија и фискално управување при СБ и Бојан Шимбов економсист од канцеларијата во Светска банка.