„Известија“: Русија подготвена да протера 30-тина американски дипломати

Русија е подготвена да потера триесетина американски дипломати и да заплени американски имот во знак на одмазда поради санкциите на Вашингтон, тврдат руски претставници.

Заканата дојде од руското Министерство за надворешни работи, објави рускиот весник „Известија“, потсетувајќи дека и други руски официјални претставници неодамна даваа слични изјави.

Во декември Администрацијата на Обама протера 35 руски дипломати и затвори два објекта, кои ги користела разузнавачката служба.

Таа мерка била реакција на наводното руско мешање во американските избори.

Русија е веќе под американски санкции.